Најдобрата опција за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за решавање на украинскиот конфликт би била ограничување на какви било активности на САД во оваа насока, изјави поранешниот американски разузнавач Скот Ритер во интервју за каналот на Јутјуб „Дијалог воркс“, пренесува Спутник.
„Доналд Трамп треба да сфати дека најдобриот начин да се реши овој проблем е да замолчи и едноставно да излезе од таму што е можно побрзо со што е можно помалку врева“, рече Ритер.
Тој додаде дека, генерално, Русија е подготвена да ги слуша идеите на Трамп за решавање на конфликтот, но ќе прифати само конструктивни предлози кои ќе ги земат предвид првичните причини за конфликтот.
„Трамп треба да се обрати до вистински експерти за ова прашање, а не кон личен интерес на политичарите и специјалните служби кои му даваат лажни информации“, нагласи Ритер.
Да потсетиме дека Трамп за време на изборната кампања како еден од своите приоритети го постави решавањето на украинската криза.