Поранешен американски конгресмен осуден на повеќе од седум години затвор – лажел дека е Евреин, геј и успешен бизнисмен

58
Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY

Поранешниот член на Претставничкиот дом на САД, Џорџ Сантос, е осуден на седум години и три месеци затвор за повеќе кривични дела, вклучувајќи интернет измама и кражба на идентитет.

Сантос со солзи го слушаше изрекувањето на пресудата, изразувајќи каење и молејќи за милост, според АП.

Во судницата во Централниот округ на Њујорк, недалеку од неговата поранешна изборна единица, тој рече дека е „понижен“ и дека „ја издал довербата на своите избирачи“.

„Најдлабоко се извинувам. Не можам да го сменам минатото, но можам да влијаам на мојата иднина“, рече 36-годишниот Сантос.

Сантос отслужи помалку од една година во Конгресот пред да биде отстранет од неговите колеги – подвиг што се случил само шест пати во историјата на телото.

За време на процесот, тој призна дека ги измамил донаторите и ги користел идентитетите на најмалку десет лица, вклучувајќи членови на неговото семејство, за да ја финансира својата изборна кампања.

По изборите во 2022 година, Сантос стана познат по тоа што лажеше за многу аспекти од својот живот – од неговата деловна кариера на Волстрит до неговата семејна историја и религиозна припадност.

Тој тврдел дека потекнува од еврејско семејство кое го преживеало Холокаустот, иако новинарите откриле дека неговото семејство било католичко.

Тој исто така тврдеше дека е геј, иако претходно бил во брак со жена.

ИЗДВОЕНИ