Поради загриженост од можен ракетен напад: Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала

122

На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе му биде извршена операција на простатата во подземна сала во медицинскиот центар Хадаса во Ајн Керем, во близина на Ерусалим, објави израелската телевизија Канал 12.

Одлуката да се оперира Нетанјаху во засилена операциона сала е донесена поради загриженост за можен ракетен истрел за време на операцијата.

Ракети се истрелани и од Јемен и од Газа во правец на областа Ерусалим во изминатите 48 часа.

Нетанјаху денеска ќе биде опериран под целосна анестезија и ќе остане во болница неколку дена по операцијата за отстранување на простатата, изјави денеска неговиот адвокат.

Министерот за правда на Израел Јаир Левин привремено ќе ја извршува функцијата в.д. премиер додека операцијата е во тек, објавија израелските медиуми.

Израелскиот министер за одбрана Јаир Кац ќе има овластување да го свика кабинетот задолжен за безбедност доколку е потребно.

Израелските медиуми пренесуваат информации од веб-страницата на клиниката Мајо дека пациентите обично се отпуштаат од болница по таква операција за ден или два.

ИЗДВОЕНИ