Поради вознемирувачки податоци, клиниките под истрага: Холандските донатори на сперма – татковци на десетици деца

219

Некаде во Холандија има мажи кои без да знаат, станаа татковци на десетици деца благодарение на донацијата на сперма. Најмалку еден маж има дури 125 деца, пишува The New York Times, пренесе Индекс.

Ова се вознемирувачките наоди на националниот регистар кој го следи бројот на донатори на сперма во Холандија. Прелиминарните податоци од регистарот, објавени оваа недела, идентификуваа 85 таканаречени масовни донатори, мажи кои можат да ја следат лозата на повеќе од 25 деца.

Податоците открија дека децата зачнати со вештачко оплодување може да имаат многу повеќе полубраќа и сестри отколку што претходно претпоставуваше холандската влада, што предизвикува загриженост за можните семејни врски и ризикот од генетски нарушувања кога тие деца еден ден ќе почнат да бараат партнери и да основаат семејства.

Во писмото доставено до холандскиот парламент завчера, министерот за млади, превенција и спорт Винсент Кареманс напиша дека слабите контроли и лошото водење на евиденција во клиниките за плодност доведоа до случаи на масовно донирање, што понекогаш резултираше со повеќе од 25 деца по донатор, без знаење на донаторот.

Новиот закон кој стапи на сила на 1 април бара подетално следење на тоа како се користат донациите на сперма. „Длабоко жалам што овие ексцеси се откриени“, рече Кареманс, изразувајќи поддршка за родителите кои беа клиенти на овие клиники и чии деца сега можеби имаат десетици полубраќа и сестри и

ИЗДВОЕНИ