Поради влошена состојба со бронхитисот, папата Франциск се наоѓа на болничко лекување во Рим

39
Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Папата Франциск боледува од инфекција на респираторниот тракт, покажаа првите тестови откако претходно денеска беше хоспитализиран во болницата Гемели во Рим, соопшти Ватикан.

Папата е хоспитализиран поради бронхитис, кој се влоши, а му се вршат специјалистички прегледи и фармаколошка терапија, пренесува Анса.

„Првичните направени прегледи покажуваат инфекција на респираторниот тракт. Клиничката состојба е умерена и има блага температура“, се додава во соопштението.

Директорот на прес-службата Матео Бруни рече дека „папата е мирен, расположен и има прочитано неколку дневни весници“.

Како што соопшти претходно денеска Ватикан, папата Франциск (88) утринава бил хоспитализиран поради бронхитис, по што ги откажал сите настани во следните три дена.

Папата Франциск во последните години имаше проблеми со грипот и други здравствени проблеми.

На почетокот на овој месец, за време на аудиенција, тој им кажа на верниците дека боледува од „лоша настинка“, која подоцна Ватикан ја опиша како бронхитис.

ИЗДВОЕНИ