Поради трагедијата во Кочани: Манифестацијата „Глумците пеат“ презакажана за 8-ми и 9-ти јуни

42

Двете шоуа „Глумците пеат“, кои требаше да се одржат на 8 и 9 април во Македонскиот народен театар (МНТ), се одложуваат за 8 и 9 јуни во истата сала (20:30 часот), соопштија организаторите.

„Купените влезници ќе важат за новите датуми и не треба да се заменуваат. За оние на кои новите датуми нема да им одговараат, возможна е рефундација и тоа на продажните места каде што се купени, во периодот од 28 март до 10 април. За МНТ ќе треба да се обратат на билетарницата на МНТ, а за МкТикетс треба да се испрати барање на [email protected]. Преостанатите влезници се во продажба. Во моментов нема влезници за 8 јуни, но ако се ослободат, навремено ќе известиме“, велат организаторите.

>Култни филмови со кои пораснале многу генерации ќе бидат тема на „Глумците пеат“. Најавени се околу 25 точки со различна приказна. Режисер на шоуто и годинава е Дејан Пројковски, а диригент на биг бендот кој ќе свири е Љупчо Мирковски. Новите аранжмани на песните се на Бобан Мирковски, а кореографијата на Олга Панго.

Ова е трето возобновено издание на манифестацијата која ја создаде актерот Марин Бабиќ, кој почина во октомври 2022, а неговите ќерки Маја и Ира Бабиќ ја организираат во негова чест. Во 2023, „Глумците“ се вратија на сцената по 17 години пауза.

ИЗДВОЕНИ