Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров, соопшти РЦУК – Скопје.
Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Тодор Чангов“, поточно од раскрсницата со „Тодор Чангов“ бр.10 до раскрсницата со „Ѓорги Капчев“ бр.25 во Општина Аеродром.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „30“ и „Радишанска“ во Општина Бутел.
Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе бидат корисниците од Булеварот „Партизански одреди“ во околината на казиното Астра во Карпош 4 и дел од корисниците на Долно Нерези во Општина Ѓорче Петров.