Поради снежното невреме што ги зафати САД, откажани околу 2.200 летови

28

Централниот дел на Соединетите Американски Држави (САД) е зафатен од снежно невреме кое носи обилни врнежи, силен ветер и ниски температури, а отежнат е и патниот и воздушниот сообраќај.

Предупредување за времето е на сила за околу 60 милиони луѓе во областа од Канзас до Њу Џерси или за 30 држави погодени од големата зимска бура.

Невремето може да донесе обилни снежни врнежи и најниски температури во повеќе од една деценија.

Вонредна состојба е на сила во најмалку седум држави, вклучувајќи ги Канзас, Мисури, Западна Вирџинија и делови од Њу Џерси.

Силен снег може да падне на подрачјето од јужниот дел на Охајо до Вашингтон, а Кентаки и Западна Вирџинија се под предупредување за замрзнат дожд.

Поради невремето откажани се околу 2.200 летови, а 25.000 се одложени. Многу патишта се затворени. Училиштата се затворени во областа Вашингтон, Индијана, Кентаки и Западна Вирџинија.

Властите ги предупредуваат жителите да не ги напуштаат своите домови освен ако тоа е апсолутно неопходно. Патиштата понекогаш се покриени со дебел слој мраз, а некои места

ИЗДВОЕНИ