Поради одржување улична трка (Авицена женска трка), претпладнево ќе има посебен режим на сообраќај околу бул. „Илинден“ во Скопје. Трката ќе започне во 10 часот.
Трасата на трката ќе започне од булевар „Илинден“. Пред фонтаната „Лотус“ ќе биде и стартна и целна точка. Учесниците ќе се движат по булеварот „Илинден“ до крстосницата со булевар „8-ми Септември“. Ќе се свртат полукружно и ќе се вратат назад до финишот кај фонтаната.
Поради ова, сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици, а засегнати ќе бидат и останатите правци околу трасата на трката.
Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање и да ги почитуваат насоките на полициските службеници, кои ќе бидат на терен за одржување на ред и безбедност.
Целта на мерките е да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на спортскиот настан, како и заштита на сите учесници и граѓани.
Граѓаните се повикуваат да ги испланираат своите патувања навреме, да избегнуваат возење по трасата каде ќе се одвива трката и да користат алтернативни патишта за движење низ градот.