Кафето „либерика“, вид кафе од Јужен Судан, би можело да стане едно од најпопуларните бидејќи во Бразил, најголемиот светски производител, се очекува жетвата да се намали за 12 отсто поради сушата.
Откриено пред повеќе од еден век во Јужен Судан, „либерика“ привлекува меѓународен трговски интерес во услови на глобална криза за кафе предизвикана главно од климатските промени.
Додека водечките земји за производство на кафе се борат да го одгледуваат родот во сè посуровата клима, цените се зголемија, а едно решение би можело да биде „либерика“.
По потекло од Јужен Судан и неколку други африкански земји, вклучувајќи ги Конго, Централноафриканската Република и Уганда, “либерика“ се одгледува и во Индија, Индонезија и Виетнам.
Големите корени, густите лисја и големото стебло на грмушката му овозможуваат да напредува во екстремни услови како што се суша и топлина каде што другите сорти на кафе не можат да преживеат.
Сепак, зазема помалку од еден процент од глобалниот пазар, далеку зад најконзумираните „арабика“ и „робуста“.
Експертите велат дека „либерика“ ќе мора да се покаже практично за да се премости потенцијалниот недостиг на пазарот предизвикан од климатските промени.
Засега „либерика“ најмногу може да се купи само преку интернет.
Има сладок вкус, со ноти на чоколадо, темно овошје и лешник. Тоа е повеќе сличен на „арабика“ отколку на „робуста“, но генерално е помалку горчлив од двете.