Поради можни немири на денот на изборите, околку Белата куќа е подигната безбедносна ограда

59

Американските власти подигнаа нова безбедносна ограда околу Белата куќа и другите згради во Вашингтон поради можни немири на денот на изборите во вторник и потоа, објави денеска Newsweek.

Тајната служба во неделата постави метални огради високи 2,5 метри околу Белата куќа, Капитол, комплексот на Министерството за финансии и резиденцијата на потпретседателката Камала Харис во американската поморска опсерваторија, пренесува Танјуг.

Портпаролот на Тајната служба рече дека околу зградите ќе бидат поставени огради и други „физички мерки за јавна безбедност“.

Тајната служба ќе постави и безбедносни огради пред конгресниот центар во Вест Палм Бич, Флорида, каде што за време на изборите ќе биде поранешниот претседател Доналд Трамп.

Полицијата најави затворање на патишта и ограничувања за паркирање во Вашингтон бидејќи Харис ќе ја помине изборната ноќ на Универзитетот Хауард, каде што студирала.

Откако Доналд Трамп одби да го признае поразот на изборите пред четири години, неговите приврзаници упаднаа во Капитол, а во немирите загинаа пет лица, додека 174 полицајци беа повредени.