Поради морничава трагедија во Цетиње, естрадните ѕвезди ги откажаа концертите: „Вака ли мораше да влеземе во новата 2025 година?“

41

Со причина им е тешко!

Само по неколку минути по крвавиот настан, се огласи евровизиската ѕвезда Марија Шерифовиќ. Таа требаше да има настап во Будва, но не се случи такво нешто. Мара кратко ги праша сите: „Дали има крај?“ Алудирајќи на крвавите настани во Загреб и во Белград. И естрадната ѕвезда од Сплит, Јелена Розга, која требаше да пее на вториот ден во новата година, не остана без соодветна реакција. Го одложи концертот во Тиват

 Вчерашната трагедија (во која се убиени најмалку 12 лица) во црногорскиот град Цетиње, која се случи на вториот ден од новата 2025 година, силно ја потресе и естрадната сцена. Се разбира, најсилно оние што, поради тридневната жалост што е прогласена и официјално во Црна Гора, веднаш со причина ги откажаа своите концерти.

Само по неколку минути по крвавиот настан, се огласи евровизиската ѕвезда Марија Шерифовиќ. Таа требаше да има настап во Будва, но не се случи тоа. Мара кратко ги праша сите: „Дали има крај?“, алудирајќи на крвавите настани во Загреб и во Белград, во кои деца убиваа деца.

И естрадната ѕвезда од Сплит, Јелена Розга, која требаше да пее на вториот ден во новата година, не остана без соодветен коментар. Освен што го одложи концертот во Тиват, таа тажно порача: „Мојот концерт се одложува. Праќам искрено сочувство до семејствата на настраданите.

Навистина, се огласија голем број познати личности од ексјугословенската музичка сцена, изразувајќи сочувство и најавувајќи дека ќе ги презакажат откажаните концерти за некое друго, нормално време. Со оглед на жалоста, црногорската Влада донесе одлука да прогласи тридневна жалост, да се откажат сите прослави и новогодишни настапи на популарните пејачи.

Со тоа се согласува и мегапопуларната Александра Пријовиќ, снаата на Лепа Брена и на Боба Живојиновиќ: „Нема да пеам во Бар, не ми е до пеење во една ваква многу тажна и мачна ситуација. Испраќам сочувство до ужалените семејства“.

И новата музичка ѕвезда, Бресквица, го откажа својот концерт во Херцег Нови.

– Драги луѓе, вечерашниот настап на вашата сакана Бресквица е откажан. Ве молам, чувајте се, слушајте ги советите на полицијата, останете дома, не шетајте, не е сигурно. Моето срце е со ранетите срца на семејствата на настраданите – емотивно кажа растревожената Бресквица.

Илјадници луѓе од многу места стигнаа во Будва да уживаат во концертот на омилениот им Дино Мерлин. Меѓутоа… Дино се огласи со трогателни зборови: „Длабоко сум потресен од оваа ужасна трагедија. Срцето ми е скршено. Имам тажно чувство. Мислите ми се со жртвите. Боже, дај ни уште еден ден, сочувство до семејствата. Силно емотивно сочувство упати и популарната Северина, а по нејзината објава се огласи и босанскиот музичар Харис Јусовиќ со тажно прашање: „Вака ли влегуваме во 2025 година? Многу ми е тешко. И нивните настапи се откажани.        Д.М.

 

 

ИЗДВОЕНИ