За време на зимскиот преоден рок го реализираше најспектакуларниот трансфер, но по пристигнувањето во Саудиска Арабија наиде на првата пречка. Не смее да живее со девојката, па се реши на неверојатен потег, односно секој ден да патува 1000 километри.
Џон Дуран наводно им рекол на клупските челници на Ал-Наср дека сака да живее во Бахреин наместо во Саудиска Арабија, откако пристигна оваа зима од Астон Вила.
Колумбискиот напаѓач го комплетираше трансферот вреден 70 мил. евра и сега ќе ја дели соблекувалната со Кристијано Роналдо, Садио Мане и Марсело Брозовиќ.
Дуран би можел да биде подготвен за секојдневното застрашувачко патување до тренинг кампот на Ал-Насар, Коора Парк во Ријад, а според The Sun, 21-годишниот е подготвен да живее во Бахреин наместо во главниот град на Саудиска Арабија.
Нешто слично им се случи на Стивен Џерард и Џордан Хендерсон кои исто така живееја во Бахреин и работеа во Саудиска Арабија. Нивното возење беше по еден час во секој правец.
Сепак, Ријад е оддалечен 500 километри од Бахреин, што значи дека Дуран секој ден ќе патува 90 минути со авион во еден правец.
Саудискиот исламски закон строго забранува соживот без брачен договор, но властите замижуваат пред правилото за поединци, па Роналдо може да живее со девојката Џорџина Родригез.
Инаку, Дуран го доби дресот со број 9 во Ал-Наср, што е истиот број што го носеше додека играше за англискиот премиерлигаш.
Младиот напаѓач постигна 12 гола на 29 натпревари оваа сезона, но неговото заминување во Саудиска Арабија е вистинско изненадување.
Колумбиецот има само 21 година, но за огромни саудиски пари реши да ја напушти најсилната лига на светот и настапите во Лигата на шампионите.
Инаку, неговата девојка се вика Анџела Капела, а најпозната е по учеството на Мис Колумбија.