Популарната пејачка Ана Бекута е на „седмо небо“ – кошаркарот Лука Дончиќ и “Лејкерси“ тренираат пеејќи го нејзиниот хит „Имам еден живот“ 

285

„Пука“ од среќа!

Љубоморните колешки од естрадата опасно ја задеваат, нели мора секогаш да има и такви, бидејќи врежано е тоа дека, сè ќе ти простат, само успех не, па на шега ѝ велат на Ана: „Колку што си среќна, внимавај да не се помочаш“! Тоа малку ја подналути Ана, но лутината ја батали во овој за неа навистина среќен миг

Популарната пејачка Ана Бекута е на „седмо небо“, барем така се чувствува откако светски познатиот кошаркар, Словенецот Лука Дончиќ, за својот прв натпревар со “Лејкерси“ одлучи да се подготвува со големиот хит на српската пејачка, песната „Имам еден живот“. Тоа покажува дека ова е најомилената песна на кошаркарот.

Социјалните мрежи се „запалија“ откако се појави видеото од тренингот на Лука Дончиќ, кој со песната на Бекута, неодамна почна да игра за ЛА-Лејкерси.

Песната ја пушти Лука и им објасни на сите дека станува збор за српска песна која многу се пее на Балканот, а ја пее една од најпопуларните поранешни југословенски пејачки Ана Бекута, која на Лука му е музичка миленичка. Додека песната се вртеше по неколкупати, популарниот Лука и тренираше и го шутираше баскетот во кошот, загревајќи се во опуштена атмосфера. За тоа време многу фоторепортерите го фотографираа темпераментниот кошаркар, кој е од овие балкански простори, како што е и пејачката Бекута. И таа е темпераментна, додека пее.

По тој повод се огласи и самата Ана воодушевена од настанот. Ни најмалку не ги криеше емоциите.

-Ми ја испратија снимката која ми ги стопли душата и срцето. Сега дефинитивно знам дека имам песна по која насекаде се препознавам како добра пејачка. Ниту еден мој настап не поминува без таа прекрасна песна „Имам еден живот“.

Претпоставувам дека песната ќе биде задолжителен дел од кошаркарските игри. Многу сум им благодарна на сите што се радуваат или тагуваат со оваа песна. Особено сум благодарна на Жана и Перица Здравковиќ, кои песната ми ја напишаа уште пред 32 години, а секако и на аранжерот Драган Стојковиќ-Босанац, со кој сум подолго време во жирито на „Ѕвездите на Гранд“.  Отсега навивам за згодниот Лука и неговите Лејкерси! Небото е граница, изјави воодушевената пејачка.

Љубоморните колешки од естрадата опасно ја задеваат, нели мора секогаш да има и такви, бидејќи врежано е тоа дека, се ќе ти простат, само успех не, па на шега и велат на Ана: „Колку што си среќна, внимавај да не се помочаш“! Тоа малку ја подналути Ана, но лутината ја батали во овој за неа навистина среќен миг.

Ние во Македонија исто така добро ја знаеме Бекута, која на нашата естрада остави траен белег. И тоа со настапот на еден од „Валандовските фолк-фестивали“ пеејќи ја песната „Стариот џумбушлија“, која во меѓувреме заслужено се обнароди и стана голем музички евергрин.    Д.М.

 

ИЗДВОЕНИ