Поправен за Милан и за Хименез

66
epa11899225 AC Milan's Santiago Gimenez scores a goal that was later disallowed during the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Hellas Verona FC in Milan, Italy, 15 February 2025. EPA-EFE/ROBERTO BREGANI

За неколку часа ќе бидат познати првите четири тима кои преку баражот обезбедија пласман во 1/8 финалната рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Резултатите од првите натпревари се гаранција дека фудбалските фанови ќе бидат сведоци на максимално неизвесни дуели до последниот судиски свиреж.

Италијанскиот калчо гигант Милан со негатива од еден гол ќе го стартува реванш дуелот против холандскиот преставник Феенорд. Едно е сигурно, ибраниците на Серџо Консеисао нема шанси да ја повторат бледата игра од дуелот во Ротердам, а повторно во фокусот ќе биде мексиканскиот интернационалец, Сантијаго Хименез, кој беше неприметлив на првиот натпревар против својот поранешен клуб.

-Реванш натпреварот го играме на нашиот стадион, на „Сан Сиро“, пред нашите верни фанови. На првиот натпревар Феенорд доби помош од своите навивачи, сега е ред на нашите да помогнат. На реваншот мора да ја имаме потребната агресивност, да го имаме вистински пристап. Знаеме колку е важен овој натпревар во Лигата на шампиони и не смееме да ја повториме играта од првиот дуел. Ако направиме се како што треба и со помош на нашиот квалитет, тогаш сигурно ќе славиме, изјави крилниот напаѓач на „росонерите“, Рафаел Леао.

На хартија најлесна задача би требало да има германскиот бундеслигаш кој со 2:1 славеше на гостувањето во Шкотска и се освен нов триумф против Селтик ќе биде дефинирано како големо изненадување.

-Што и да се случи во Минхен, момците мора да бидат горди на тоа кое го постигнаа. Тоа е добра основа за надрадба. Сфесни сме за големината на следната задача, но сакаме да одиграме најдобро што можеме. Мислам дека сме на добро место и мислам дека сме подготвени за големиот предизвик во Минхен. Ова е голема шанса за нас, изјави менаџерот на Селтик, Брендан Роџерс.

Негатива од еден гол има и вториот италијански преставник Аталанта, но четата на Џанпјеро Гасперини има се што е потребно за да ја анулира предноста на белгискиот шампион, тимот на Клуб Бриж.

Португалскиот гигант Бенфика со предност од еден гол го стартува реванш дуелот против францускиот преставник Монако и тешко е за верување дека тимот на Лисабон ќе кисне пред домашните фанови.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: Милан – Феенорд (0:1 прв натпревар), Баерн (М) – Селтик (2:1), Аталанта – Клуб Бриж (1:2), Бенфика – Монако (1:0).

 

ИЗДВОЕНИ