Поплавите во Грција носат сé пред себе: Има мртви, во тек е итна евакуација/ВИДЕО

1988
screenshot Youtube

Невремето Бора викендов ја зафати Грција, а како последица на силното невреме две лица загинаа, додека голем дел од земјата е поплавен, меѓу кои и островот Родос.

57-годишен сточар загинал на островот Лимнос, кога го однела поплава. Тој се обидел да го ослободи својот автомобил, кој бил заглавен во калта во близина на прелиената брана. Неколку часа подоцна бил пронајден мртов, а Итната помош можела само да констатира смрт.

Во одделен инцидент, 70-годишен жител на Лимнос се здобил со фатална повреда на главата откако паднал на лизгави скали додека го чистел својот дом во невремето.

Властите во Грција издадоа многу предупредувања за итни случаи користејќи го европскиот број за итни случаи 112. Едно од предупредувањата бара жителите да се евакуираат поради излевање на браната.

Невремето се прошири надвор од Лимнос, а поплавен е и популарниот туристички остров Родос. Силниот дожд остави многу возила заглавени на поплавените патишта, а властите ги повикаа жителите да ги одложат сите патувања додека не се подобрат временските услови.

Низ континентална Грција, бурата Бора донесе обилни снежни врнежи во северните региони на повисоките места. Силниот ветер предизвика паѓање на дрвја во Солун, при што беа оштетени продавници и автомобили.

Националната метеоролошка служба на Грција предвидува дека до утре ќе се задржи лошото време во повеќе делови од земјата, особено во централните и северните делови на земјата.