Најмалку 274 затвореници избегале од затвор во нигериската држава Борно по големите поплави, објави во неделата ресорната нигериска служба, пренесува Си-Ен-Ен.
„Поплавата ги урна ѕидовите на воспитно-поправните установи, вклучително и притворскиот центар за средна безбедност Маидугури, како и просториите за персоналот во градот“, рече портпаролот на службата Абубакар Умар.
Најмалку 281 затвореник успеале да побегнат, седум од нив биле фатени и префрлени во „безбедна установа“, рече Умар, додавајќи дека идентитетот на избеганите, вклучително и нивните биометриски податоци, се познати и дека информациите се „достапни на јавноста“.
Потрагата по избеганите затвореници е во тек. Помеѓу избеганите затвореници има и членови на исламистичката Боко Харам. Мајдугури е главен град на државата Борно, каде Боко Харам напаѓа цивилни и воени цели од 2009 година.
На 10 септември обилните дождови предизвикаа пукање на брана и беа поплавени големи делови од градот Мајдугури.
Целиот регион Сахел во Северна Африка, каде што се наоѓа Нигерија, во моментот е погоден од поплави по обилните дождови. Според податоците на ОН, околу половина милион луѓе во регионот се раселени, а над 300.000 домови се уништени во надојдената вода.