Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го поништи тендер во МЕПСО, во вредност од 900.000 евра, поради тоа што компанијата која се пријавила и го добила немала ресурси за негово спроведување.
Од ресорното министерство укажуваат дека соопштението на Институтот за демократија во однос на тоа дека треба да бидеме крајно внимателни во делот на енергетиката е факт што бил запоставуван со години. Токму енергетиката е делот каде што се направени најголемите криминали за што досега неколкупати алармирале и од Државниот завод за ревизија но без никаков успех. Оваа пракса мора да заврши.
Во моментов во фаза на ревидирање се постапките за јавни набавки во сите институции кои се спроведувале во време на техничката влада. Тендер е поништен во МЕПСО, бидејќи компанијата што се пријавила и го добила нема капацитет ниту ресурси за негово спроведување.
-Во меѓувреме ја усогласивме Уредбата за гаранции на потекло со Енергетската заедница и истата е поставена на ЕНЕР каде е јавна и може да се коментира. Како држава сме на јавна критика од Енергетската заедница поради неносење на измените на Законите за енергетика и за обновливи извори на енергија. Формирана е работна група во рамките на Министерството каде учествуваат претставници на МЕПСО, ЕСМ, ЕВН, ЕБРД и Енергетската заедница и се работи на законските измени кои потоа ќе бидат преставени на јавноста и ставени на јавна дискусија – велат од Министерството за енергетика.