Патот од врвот до дното е неверојатно брз, особено кога се во прашање спортистите. Потребен е само момент на невнимание. Нешто слично се случи и со поранешната шампионка во УФЦ, Едуарда Невес Сантана.
Поранешната ѕвезда на боречките вештини откри дека станала бездомник. Бразилката, која во светот на ММА спортот беше позната под прекарот „Дуда каубојка“, беше суспендирана во 2020 година кога беше докажано дека била допингувана. Тогаш таа беше ѕвезда во подем со три победи и еден пораз.
Потоа, Едуарда паднала во длабока депресија и набрзо почнала да се дрогира и станала зависник. За време на пандемијата на коронавирус, таа се соочи и со големи финансиски проблеми. Како што се покажа набрзо ја изгубила големата сума пари што ја имала и почнала да се задолжува. Лихварите ѝ ја одзеле и куќата, па заврши на улица. Бразилскиот „Глобо“ ја објави нејзината приказна во која таа ги призна своите најмрачни тајни. Почнала да го продава своето тело, и да се проституира за пари, за да продолжи да се дрогира.
- Семејството не разбира дека ова е болест. Оваа зависност е многу тажна. Некогаш не пушам со денови и денови, почнувам да се возбудувам и мислам дека повторно ќе се борам! Потоа повторно паѓам во депресија и повторно почнувам да се дрогирам, објасни Сантана.
Бразилката објасни во каква неволја се наоѓала.
- Следете го вашиот сон, не слушајте „другари“, избегнувајте дрога. Јас пушам само сканк, пушам само џоинт, тоа сè е природно. Така се водев низ животот, но потоа доаѓаат кокаинот и крекот. Тогаш стануваш како мене. Започнуваш со проституција за дрога. Денеска го давам моето тело за да купам пакување од 20 грама, или да купам цигара, вели Бразилката.
Меѓутоа, Бразилката спасот го нашла во верата. Членовите на Евангелистичката црква ѝ помагаат, ѝ обезбедуваат храна. Нејзините локални колеги од УФЦ, исто така, ги здружија силите за да и помогнат да купи храна од супермаркет.
- Господ ми зеде сè, како работа, но еден ден сето тоа ќе ми го врати. Тој ме искушува, како што го искушуваше Исус во пустината. Но, еден ден оваа приказна ќе има среќен крај. Моето враќање ќе се случи, вели поранешната УФЦ борачка.