Помалку превезени патници со автобус

38

Во второто тримесечје од оваа година со автобус се превезени 10.686.000 патници што за 15,1% помалку од истиот период лани. Според видот на превозот, бројот на превезените патници во градскиот превоз е намален за 14,5%, во приградскиот превоз за 16,5%, во меѓуградскиот превоз за 9,9%, а во меѓународниот превоз е намален за 30,3%.

Во второто тримесечје од 2024 година, во однос на истиот период од 2023 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е намален за 19,5%. Според видот на превозот, бројот на патничките километри во градскиот превоз е намален за 13,6 %, во приградскиот превоз е намален за 13,7%, во меѓуградскиот превоз е намален за 0,9%, а во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 29,7%.