Полскиот претседател до Трамп: „Зајакнете го американското присуство во Европа“

47
EPA-EFE/RADEK PIETRUSZKA

Присуството на САД во Полска и Централна Европа треба да се зајакне, му порача полскиот претседател Анджеј Дуда на американскиот претседател Доналд Трамп за време на нивната кратка средба во Вашингтон. „Реков дека безбедноста на Полска и Централна Европа треба да се зајакне, но тој рече дека како еден од најсигурните сојузници не треба да бидам загрижен“, потврди Дуда.

Тој одби да коментира дали разговарале за неодамнешната остра размена меѓу Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека неговиот впечаток е дека американскиот претседател е заинтересиран „да ја направи Украина посилна, вклучително и преку економските врски“.

Дуда на новинарите по средбата им изјавил дека го поканил Трамп во Полска.

„Тој рече дека ќе ја посети Полска. Техничко прашање е да се утврди во кој момент, дали тоа ќе биде посета што ќе биде поврзана со Самитот на иницијативата „Ттри мориња“ или посета што ќе биде поврзана со претстојниот Самит на НАТО во Хаг, рече Дуда.

Белата куќа претходно соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп се сретнал со полскиот претседател Анджеј Дуда и го потврдил блискиот сојуз меѓу двете земји.

Претседателот Трамп, исто така, го пофали претседателот Дуда за посветеноста на Полска за зголемување на трошоците за одбрана, соопшти Белата куќа на X. Разговорот, кој траел помалку од 10 минути, почнал со еден час доцнење без присуство на медиуми или воведни изјави.

ИЗДВОЕНИ