Поранешниот полски боксер Бартош Лапински (33) е пронајден мртов, закопан во нива во белгиското село Глабаис, на длабочина од повеќе од еден метар. Тој бил познат боксер, кој потоа станал бездомник и бил познат по проблемите со зависноста од дрога. Починал по брутален напад, по што сторителите направиле сè што можеле за да го скријат неговото тело. Полјакот ѝ бил добро познат на полицијата, а бидејќи бил целосно маргинализиран, според познавачите, било тешко да се врати во нормален живот.
По тројца осомничени е распишана потерница откако минатата среда беше откриено телото на 30-годишникот. Оваа информација ја објави обвинителството во Валонски Брабант, наведувајќи дека тој наводно бил жртва на убиство во декември 2024 година, пред да биде пренесено неговото тело до местото каде што бил погребан.
Според медиумот „Судинфо“, постои сомневање дека поранешниот боксер бил избоден до смрт. Неговото тело прво било оставено во близина на река, а потоа погребано во селото Глабаис.
Bartosz Lapinski (33 ans), ex-boxeur polonais devenu SDF, tué et enterré dans un champ à Glabais : « Ils se sont acharnés pour faire disparaître le corps » https://t.co/Iish3IUuY2 pic.twitter.com/zEgtqt2TU0
— Sudinfo LaCapitale (@LaCapitale_be) January 20, 2025
Неговото семејство го пријавило за исчезнат.