Полската велосипедистка Катарзина Нивиадома (30) доживеа сериозен пад за време на велосипедската трка Страде Бјанче што се одржа во Тоскана, Италија. Нивиадома, која победи на „Тур де Франс“ минатата година, заврши во болница со полесни повреди по тешката несреќа во која учествуваа неколку велосипедисти.

Таа остана без некои сериозни повреди, но на полската велосипедистка јасно и се гледаат трагите од несреќата. И самата реши да ги покаже, па позираше во долна облека и фотографијата ја објави на својот инстаграм-профил. За среќа нема скршеници, но затоа има гребаници по целото тело.

  • Секогаш сум тажна кога нема да завршувам на подиумот, но сега имам поинаква перспектива, сега сум загрижена за други работи. Можев да завршам многу полошо, благодарна сум што имам, како што ми велат, прилично силни коски, истакна полската велосипедистка во објавата на Инстаграм.

ИЗДВОЕНИ