Женската ракометна репрезентација на Полска го засили стручниот штаб со доведување на Хејди Локе, една од најголемите ракометарки во историјата. Норвежанката му се приклучи на тимот како помошник тренер на Арне Сенстад.

Локе, која беше легендарен пивот, има освоено бројни титули, вклучувајќи олимписко злато (2012) и бронза (2016), две светски првенства (2011, 2015) и четири европски првенства (2008, 2010, 2014, 2020 година).

На клупско ниво, таа пет пати триумфира во Лигата на шампионите со тимови како Ѓер и Виперс Кристијансанд, а во 2011 година од ИХФ беше прогласена за најдобра ракометарка во светот. Полска е противник на Македонија во баражот за место на СП 2025.

ИЗДВОЕНИ