Полска го започна претседавањето со Унијата: „Европа нема да опстане ако остане слаба“

26
Фото: EPA-EFE/Radek Pietruszka POLAND OUT

Со свечен концерт во Националната опера на Големиот театар во Варшава, Полска го означи почетокот на шестмесечното претседавање со Европската унија, а нејзиниот премиер Доналд Туск предупреди дека Европа нема да преживее доколку остане беспомошна и слаба.

„Изворите на големината, слободата, суверенитетот на Европа вредат највисока цена. Ќе направиме се за да не ја плаќаме највисоката цена, цената на крвта. Но, јас од Варшава сакам да прашам: Дали вие, Европејците, сте подготвени повторно да започнете по патот на европската сила, слобода и суверенитет“, рече полскиот премиер Доналд Туск, отворајќи ја церемонијата.

Полскиот премиер рече дека во европските метрополи често го слуша прашањето дали ЕУ ќе може да се справи со сите предизвици кои претстојат.

„Ако Европа е слаба, нема да опстане. Ако Европа повторно ги најде своите извори на сила, повторно ќе биде она што била низ историјата – горда. И денес има сили кои сакаат да ги доведат во прашање тие извори на сила“, рече Туск.

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, го пофали мотото на полското претседателство „Безбедност, Европо“ и рече дека шесте месеци на Полска на чело на ЕУ ќе покажат дека патриотизмот и европската интеграција се поврзани и дека нема подобар момент за претседателството на Полска, од виталноста на нејзината демократија и отпорот кон популистичките и авторитарни трендови на инспирација за цела Европа.

„Нашата ЕУ се роди како мировен проект по Втората светска војна. Мора да ја зајакнеме нашата безбедност за да го зајакнеме мирот во Европа. Украина мора да остане наш приоритет. Мораме да бидеме со неа онолку колку што ѝ треба и онолку колку што треба да постигне праведен мир“, рече Антонио Кошта.

Церемонијата ја игнорира претседателот на Полска, Анджеј Дуда, кој во своите два мандати ја бранеше евроскептичната, понекогаш антиевропска, а пред се антигерманска позиција на претходната владејачка партија Право и Правда, од чии редови беше избран пред повеќе од девет години.

Кабинетот на претседателот го оправдува отсуството на Дуда со тоа што владата наводно му испратила покана, но потоа не го контактирала. Соопштуваат од кабинетот на премиерот Туск.

ИЗДВОЕНИ