Полскиот премиер Доналд Туск најави дека Полска нема да изврши налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху доколку тој одлучи да дојде во Аушвиц на 27 јануари за да ја одбележи 80-годишнината од ослободувањето на најголемиот логор на смртта изграден од германските нацисти за време на Втората светска војна во окупирана Полска.
„Прашањето е чувствително. Од една страна, постои одлука на меѓународен суд, а од друга, за мене е очигледно дека претседателот или премиерот на Израел мора да имаат целосно право да се чувствуваат безбедно кога го посетуваат поранешниот логор Аушвиц“, рече полскиот премиер.
Затоа, пред неколку дена, Туск побара од министрите за правда и за надворешни работи да подготват посебна декларација од полската влада со која ги уверува највисоките претставници на Израел дека полската влада ќе го гарантира нивното слободно и безбедно пристигнување и учество во комеморацијата на жртвите на холокаустот.
Денеска полските медиуми објавија дека полскиот претседател Анджеј Дуда испратил писмо до премиерот Туск во кое бара да се земат предвид вонредните околности, поточно 80-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау и да му се дадат гаранции на израелскиот премиер дека нема да биде уапсен, како што бараше Меѓународниот кривичен суд во Хаг под обвинение за злосторства против човештвото за време на нападот на Израел врз Газа.
Полските власти очекуваа израелската делегација да ја предводи еден од израелските министри, најверојатно министерот за образование, а самиот музеј на поранешниот германски камп Аушвиц Биркенау објави дека експлицитно поканил