Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да го назначи поранешниот гувернер на државата Илиноис Род Благојевич за амбасадор на САД во Србија, пренесе денеска порталот „Политико“ повикувајќи се на два неименувани извори.
Изворите навеле дека Трамп уште ја нема донесено конечната одлука да го предложи Благојевич за амбасадор, наведувајќи дека Трамп исто така размислува за амбасадор во Србија да го назначи правникот Марко Брнович, чии родители се дојдени во САД за време на поранешна Југославија.
Благојевич во разговор за Танјуг изјави дека доаѓањето на власт на Трамп, освен новиот пристап во надворешната политика на САД кон Србија, создава и можност за стратешко партнерство меѓу двете држави, во голема мера поради тоа што Србија со престседателот Александар Вучиќ на чело стана економски растечка држава, пренесува Танјуг.