Политико: Хрватскиот Трамп славеше во првиот круг, расколот во врвот на државата продолжува

54
EPA-EFE/ANTONIO BAT

Американскиот политички медиум Политико ги коментираше вчерашните избори во Хрватска, каде актуелниот претседател Зоран Милановиќ, жесток критичар на НАТО и ЕУ, доби убедливо водство пред Драган Приморац, противкандидат од владејачката ХДЗ, но за малку не пропушти да слави во првиот круг.

Милановиќ, кого Политико го споредува со Доналд Трамп поради неговиот популизам, во првиот круг освои 49,09 отсто од гласовите. Второпласираниот Драган Приморац, кандидатот на премиерот Андреј Пленковиќ освоил само 19,35 отсто. Вториот круг од изборите ќе се одржи на 12 јануари.

Политико пишува дека овој резултат го продолжува расколот на врвот на државата. Иако претседателската функција е главно церемонијална функција, новиот избор на Милановиќ – најпопуларниот политичар во земјата – би бил трн во око на неговиот најголем ривал, Пленковиќ.

Во својот победнички говор во Загреб, Зоран Милановиќ вети дека ќе ја промовира тезата: „Хрватска со став, Хрватска која се грижи за своите интереси и е свесна дека  ние се грижиме за тоа што се случува во нашата земја“.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, говорејќи по објавувањето на резултатите, го поздрави влегувањето на кандидатите на неговата партија во вториот круг.

„Од утре почнува нов натпревар.

Тој порача дека Милановиќ нема програма и дека ја влече Хрватска на исток. За време на кампањата, Милановиќ се обиде да капитализира низа афери кои резултираа со оставка или разрешување на повеќе од 30 министри од премиерската партија за време на мандатот на Пленковиќ.

Тој, исто така, му замери на Пленковиќ за неговиот проевропски став, нарекувајќи го „потрчко“ на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Тој ја претстави миграцијата како еден од главните предизвици за Хрватска.

Од друга страна, Пленковиќ рече дека овие избори се клучни за иднината на Хрватска, наведувајќи дека Милановиќ е „рак-раната на хрватската политика“.

ИЗДВОЕНИ