Поранешниот директор на американската Национална разузнавачка служба, Ричард Гренел, ја одбил понудата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп повторно да ја преземе функцијата, објави денеска американскиот сајт „Политико“, повикувајќи се на извори.
Според извештаите, и покрај неговите обиди да стане државен секретар, вклучувајќи ја и поддршката од конзервативните влијателни на социјалните мрежи, Трамп го избра сенаторот Марко Рубио за таа функција.
Гренел, познат по својата лојалност кон Трамп, останува близок соработник, а изворите велат дека би можел да добие понуда за уште една важна позиција доколку одлучи да ја прифати.
За време на последниот предизборен митинг на Трамп во Мичиген, Трамп го пофали Гренел, истакнувајќи го неговиот придонес како амбасадор во Германија и специјален пратеник за односите меѓу Белград и Приштина, пренесува Танјуг.
„Иако тој беше клучен сојузник на кампањата на Трамп, неговата репутација на „тешка личност“ и деловните врски со странство, вклучително и проектите во Белград, се сметаа за потенцијални пречки за неговото назначување за државен секретар“, пишува Политико.