Најмалку 975 луѓе беа егзекутирани во Иран во 2024 година, што е „застрашувачка ескалација“ на употребата на смртната казна како средство за „политичка репресија“, се вели во извештајот објавен денеска од две невладини организации.
Оваа бројка, највисока од почетокот на пописот во 2008 година, е веројатно потценета, бидејќи повеќето егзекуции не се јавно објавени, според иранската организација Иран за човекови права, со седиште во Норвешка, и француската невладина организација Ансамбл contre la peine de mort, објави „Фигаро“.
„Иранскиот народ претставува најголема закана за режимот, а смртната казна останува неговото најмоќно средство за политичка репресија“, со пет до шест егзекуции дневно во земјата, предупредува директорот на иранската организација IHR, Махмуд Амири-Могадам, пренесува Танјуг.
Според него, овие егзекуции се дел од војната што Исламската Република ја води против сопствениот народ за да ја одржи власта.
Од 975 егзекутирани лица во 2024 година, што претставува зголемување од 17 отсто во однос на 2023 година, 31 биле жени, а четворица биле јавно обесени, се вели во извештајот. Смртна казна е изречена и за неколку малолетници, пренесува Танјуг.