И додека пациентите се оставени сами да се снаоѓаат во маката, партиите си разменуваат остри стрели за новоизбраниот концесионер на паркингот, албанската фирма „Ѓока констракшн“.
Од опозициските Левица и СДСМ обвинуваат за криминални договори, а притоа, иако не се во позиција, нудат предлог-решенија за решавање на проблемот со паркингот на Клинички. На тоа, од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека Владата не може да го објави договорот од едноставна причина што не постои договор за паркингот на Клинички
Проблемот со паркирањето на Клиника и натаму останува рак-рана за сите пациенти кои имаат потреба да одат на прегледи. И вчера ситуацијата не беше сменета. Дестици коли чекаа во ред за да влезат на рампите, а дел од нив мака мачеа каде да се паркираат додека да завршат работа.
-Не можам да се снајдам за паркинг, а во 11 часот имам закажано со син ми на Детска хирургија. Знаев што ме чека, па затоа дојдов порано, но и покрај тоа не успевам да најдам соодветно место, бидејќи имам дете со посебни потреби, се жали една скопјанка.
Таа е само една од многуте што вчера очајно се обидуваа да се паркираат, а при тоа да стигнат на време на преглед. За среќа, се работеше само за преглед, не беше животозагрозувачка состојба, а сигурно има и такви.
И додека пациентите оставени на маката сами да се снаоѓаат, партиите си разменуваат остри стрели за новоизбраниот концесионер на паркингот, албанската фирма „Ѓока констракшн“.
Од опозициските Левица и СДСМ обвинуваат за криминални договори, а при тоа иако не се во позиција, нудат предлог-решенија за решавање на проблемот со паркингот на Клинички.
– Паркингот треба да биде достапен и пристапен за сите пациенти, а приходите да се инвестираат во здравствениот сектор. Клиничкиот центар е место каде што е здравјето приоритет и затоа е неопходно да се осигури дека сите граѓани имаат еднаков и фер пристап до потребните услуги, без дополнителен финансиски товар во корист на приватни лица со желба и амбиција за лесен профит – се наведува во соопштението на партијата Левица.
И од опозициската СДСМ бараат итно објавување на повикот од Министерството за здравство, но и на физибилити студијата според која е распишан тендерот.
– Целосна транспарентност за тоа дали бил однапред подготвуван штетниот договор со „Ѓока констракшн“. Ова не смее да се забошоти – се наведува во партиското соопштение.
Тие сметаат дека изјавите на министерот за здравство, Арбен Таравари, и на Христијан Мицкоски за давањето на паркингот во Клинички на стопанисување на „Ѓока констракшн“, со што 99 % од добивката ќе оди кај албанската компанија, а само 1 % ќе остане за државата, се контрадикторни и јасно укажуваат на тоа дека се крие сомнителен договор зад оваа зделка.
На тоа, од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ возвратија дека Владата не може да го објави договорот од едноставна причина што не постои договор за паркингот во Клинички.
– СДСМ свесно манипулира со јавноста околу паркингот кај Клинички. Иако знае дека нема никаков договор, СДСМ продолжува со манипулација на граѓаните. Она што го знае СДСМ и треба да одговори е колку чинеше осмомартовскиот панаѓур на СДС. Од каде парите за 60-ина автобуси, кои патуваа празни кон Струмица? Дали парите што ги потрошиле за панаѓурот се парите украдени од Заев? Дали парите што ги потрошиле за панаѓурот се парите од фотоволтаиците на Ковачевски или се од провизиите за ковид- вакцините на Филипче? СДСМ треба јавно да се извини за лагите и манипулациите што ги прави и да одговори на прашањата – возвратија од ВМРО-ДПМНЕ.
(А. П.)