Полицијата во Сиднеј пронашла автомобил полн со експлозиви, со белешка што сугерира дека можеби бил наменет за терористички напад врз еврејска синагога во градот, објавија австралиските медиуми.
Полицијата на Нов Јужен Велс го чуваше откритието во тајност девет дена пред да биде објавено во медиумите, а според полициските извештаи, откривањето на автомобил со експлозив се истражува како сериозна терористичка закана, објави денеска „Тајмс оф Израел“.
Осомничените се уште не се идентификувани.