Еден маж е убиен откако полицијата го застрела за време на операција во Милтон Кејнс, северозападно од Лондон, пренсе Индекс.хр.
Полицијата била повикана денеска во 12:55 часот по локално време за пријави за маж вооружен со огнено оружје на улицата Елдер Гејт, во близина на железничката станица Милтон Кејнс.
Полицијата соопшти дека нивните вооружени полицајци одговориле на повикот, се соочиле со човекот и потоа испукале истрели.
И покрај обидите за реанимација, мажот бил прогласен за мртов.
Полицијата соопшти дека не верува дека има дополнителна закана за јавноста.