Полицијата трага по убиецот од Бања Лука: Екс водачот на „Лешинарите“ застрелан пред ресторан

723

Полицијата во Бања Лука трага по Немања Сјеница поради сомнение дека пукал во Дејан Костиќ Дело, поранешен водач на навивачката група „Лешинари“, пред ресторанот Стара Ада. Според неофицијални информации, Немања по пукањето побегнал и по него трагаат повеќе полициски единици, пренесува Српскаинфо.

Станува збор за синот на Јеленко Копрановиќ, алијас Сјеница, кој исто како и Костиќ важи за повеќекратен престапник.

Пукањето се случило на паркингот пред ресторанот „Стара Ада“ во населбата Ада во Бања Лука. Неофицијално, регионалите медиуми објавија дека починатиот е од претходно познат на полицијата и правосудните органи.

Според неофицијални информации, Костиќ и Копрановиќ синоќа се скарале во ресторан. Екипата на Копрановиќ славела во ресторанот и имало неколкумина на масата, а Костиќ и неговата сопруга дошле на ручек.

Во еден момент избувнале прозивки и префрлања меѓу нив. Наводно, во ресторанот се посегнале и по оружје, а сето тоа кулминирало пред ресторанот, кога се сомнева дека Немања Сјеница пукал во Костиќ и го убил.

По пукањето, приведени се неколку лица кои се наоѓале во ресторанот, а се уште се трага по уште неколку, меѓу кои и Немања Сјеница, јавува АТВ.

ИЗДВОЕНИ