Полицајка во Сплит убила ограбувач на банка

288

Ооколу пладне е ограбена експозитура на Ерсте банка во Сплит. Се уште нема официјални информации како точно се случило се, но според неофицијални информации полицајка го убила разбојникот откако пукал во неа.

Според информации на Индекс.хр,на местото случајно се нашле две полицајки, а разбојникот пукал во нив додека бегал. Тие возвратиле со најмалку осум куршуми.

Разбојникот бил застрелан. Набрзо на местото пристигнала брзата помош и се обиделе да го реанимираат, но не успеале.

Полицијата врши увид и ги утврдува сите околности на настанот.

ИЗДВОЕНИ