Полицијата утрово упадна во куќата на хрватскиот министер за здравство: Уапсени Берош и шефот на неврохирургија

112
epa08214693 Croatian Health Minister Vili Beros attends a special European health ministers meeting on Coronavirus in Brussels, Belgium, 13 February 2020. The disease caused by the novel coronavirus (SARS-CoV-2) has been officially named Covid-19 by the World Health Organization (WHO). The outbreak, which originated in the Chinese city of Wuhan, has so far killed at least 1,369 people with over 60,000 infected worldwide, mostly in China. EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Хрватските медиуми јавуваат дека утрово полицијата во акција по наредба на Ускок го уапсила министерот за здравство Вили Берош. Неофицијално уапсен е и раководителот на Клиниката за неврохирургија КБ „Сестри милосрдници“ проф. д-р. Крешимир Ротим.

Станува збор за набавка на двојни микроскопи за неврохирургија, кои наводно биле преплатени. Од Канцеларијата за корупција и организиран криминал (Ускок) потврдија дека тоа е нивна акција.

„Апсењата и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрагата што претходно ја спроведе Ускок.

Наведените дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер за кој постои основано сомнение дека извршил коруптивни кривични дела“, пренесе Ускок, пренесува Танјуг.