Девојче од Долна Саксонија, Германија, побарала од Дедо Мраз да го спречи нејзиниот дедо сексуално да ја злоставува неа, нејзините двајца браќа, сестра и мајка.
Вознемирувачкото писмо до Дедо Мраз, заедно со застрашувачкиот цртеж на кој се прикажани деца во неволја, било испратено од неименувано девојче од Долна Саксонија на адресата на инфлуенсерот Александар Шенен (34) од Вестфалија (Северна Рајна) во Германија.
Шенен заедно со својот тим пренаменил магацин од 1.000 метри квадратни во „Божиќна фабрика“ со идеја да ги испрати бараните подароци на децата кои му пишуваат писмо на Дедо Мраз.
Едно од писмата добиени на адресата „Veihnachtsmann & Co. KG Fabrik“ е од девојче злоставувано од нејзиниот дедо (67). Жртви, како што напиша, не биле само таа, нејзините двајца браќа и сестра, туку и нивната мајка. Како што се испостави, децата се на 10, 12 и 14 години.
Drei Geschwister aus #Niedersachsen schreiben einen #Wunschzettel an den Influencer Alexander Schönen aus #Aachen, der im Rahmen einer #Weihnachtsaktion Wünsche von Kindern erfüllt. Der Brief offenbart jedoch den schweren Verdacht des sexuellen Missbrauchs und der #Vergewaltigung… pic.twitter.com/xui9dEa0QZ
— RTL WEST (@RTLWEST) December 11, 2024
Таа побара нејзиниот дедо да биде казнет „за она што го направи на мајка ми, моите браќа, сестрата и на мене“.
„Би сакале тој да разбере дека она што го направил е погрешно … и никогаш повеќе да не нè допре – одвратно е. Толку би било убаво кога повторно би се смееле како некогаш и едноставно би заборавиле на сè она што нè повредило“.
Врз основа на нејзините зборови, може да се заклучи дека жртвата на насилникот е и мајката, која има 32 години, иако не е јасно дали насилникот е нејзиниот татко.
На цртежот кое го испратило девојчето заедно со писмото се гледаат три деца во солзи со нивниот дедо на средина.
“Als wir [den Brief] lasen, stand plötzlich alles still. Als wäre eine Stopptaste gedrückt. Es war ein Schockmoment”
Influencer Alexander Schönen veranstaltet eine Geschenkewerkstatt zu Weihnachten, will bedürftige Kinder glücklich machen. Er erhält auch Briefe von Kindern,… pic.twitter.com/8MO3Bbny5M
— HeiLender™ ⚪ (@Heilenderer) December 12, 2024
Александар и неговиот тим биле згрозени од писмото на ова девојче.
„Кога го прочитавме тоа, одеднаш сè запре. Како некој да го притиснал копчето за стоп. Тоа беше момент на шок“, изјавил тој за локалните медиуми.
Веднаш повикале полиција која против мажот започнала постапка за сексуална злоупотреба.
View this post on Instagram
Според извештаите, неименуваната мајка потврдила дека содржината на писмото на девојчето е точна.
„Тука сме затоа што децата му пишаа на Дедо Мраз дека дедо им ги малтретира“, рекле за германски Билд, полицајците кои отишле во куќата на девојчето.
„Мажот наводно сексуално ги малтретирал своите внуци (10 и 12) во текот на подолг временски период и ја силувал мајката на децата неколку пати во текот на најмалку три години, истакна Ханс Кристијан Волтерс од јавното обвинителство во Брауншвај.
Во меѓувреме, мајката на девојчето го пријавила 67-годишниот кој во јуни беше осуден за сексуален престап, пренесуваат бројни германски медиуми. Од друга страна осомничениот засега не се огласил.
Ова е писмото на девојчето:
„Драг Дедо Мраз,
Се надевам дека сте добро и дека имате многу радост во вашата работилница. Знам дека сте многу зафатени со читање писма во моментов. Не сакам многу нешта, само едно нешто кое е многу важно за мене и за моето семејство. Мојата најголема желба е дедо ми да биде казнет за тоа што ѝ го направи на мајка ми, на моите браќа, сестра ми и на мене. Посакуваме да сфати дека згрешил и повеќе да нè не повредува. Би било многу убаво кога повторно би се смееле како порано и едноставно би заборавиле на сè она што нè повредило. Другата желба би била еднаш да ја посетиме вашата работилница. Многу би нè израдувало да видиме како се прават сите подароци“.