По претходна пријава дека се заканувал на неговиот поранешен адвокат: Полицијата приведе затвореник од Велес на отсуство

46

Полициски службеници од СВР Велес вчера во 12:50 часот го лишиле од слобода 52-годишниот И.Н. од Велес, кој бил на викенд отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што издржувал затворска казна, постапувајќи по претходна пријава дека се заканувал на неговиот поранешен адвокат, информира од СВР Велес портпаролот Биљана Ѓаковска.

Таа појаснува дека тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.