Полагањето на возачки испит во една земја трае неколку секунди и чини 1,20 евра

94

Полагањето на возачки испит може да биде доста стресно, а цените и тешкотијата за полагање варираат од земја до земја. Порталот Зутоби направи истражување и објави листа на земји во кои е најтешко и најлесно да се положи возачки испит.

Земјата со најлесниот возачки испит во светот е Индија. За возачите да добијат возачка дозвола се што треба да направат е да возат право и да свртат, пренесува Индекс.

„За време на возачкиот испит во Индија, кандидатите треба само да возат право, да свртат лево и да застанат по 45 метри за да положат“, објаснуваат на страницата.

Значи, тестот е многу едноставен, а стапката на положување е исклучително висока. Но, со повеќе од десет милиони возачки дозволи кои се издаваат во Индија секоја година, полагањето на тестот во најнаселената земја во светот следи посебни правила.

Имено, Индија ги има најсмртоносните патишта во светот. Во 2011 година на патиштата биле забележани речиси 74 милиони возила, а годишно во сообраќај умираат 196.000 луѓе.

Поради огромната гужва и опасностите на патиштата, кандидатите полагаат возачки испити на приватни тест патеки или на паркинзи. Покрај краткиот возачки испит, учесниците мора да имаат најмалку девет точни одговори на писмен тест составен од 20 прашања, а цената на возачкиот испит е само 1,20 евра.

Од друга страна, порталот наведува дека Хрватска е земја, каде најтешко се доаѓа до возачка дозвола.