EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

НБА ѕвездата Пол Џорџ тврди дека се чувствувал навреден откако Лос Анџелес Клиперс му понудиле двегодишен договор вреден 60 милиони долари пред неколку месеци. Тој по пет години го напушти Лос Анџелес Клиперс, откако не прифати нов тригодишен договор од 150 милиони долари, како и двегодишен договор од пред неколку месеци кој ќе му донесеше 60 милиони долари.

Џорџ тогаш побарал договор за четири години и 212 милиони долари, но од тимот веднаш му кажаа не, за да потоа деветкратниот Ол-стар за потпише за Филаделфија.

Џорџ истакнува дека не сакал да го напушти Лос Анџелес, но дека понудата била чиста навреда и знак на непочитување.

  • Не сакав да го напуштам Лос Анџелес. Тоа е мојот дом, сакав таму да ја завршам кариерата и да се обидам да ја освојам титулата. Тоа беше целта, но понудата што ја дадоа беше крајно непочитување. Прво ми понудија 60 милиони за две години. Реков дека нема шанси да потпишам, истакна Џорџ.