Скопје и скопјани добиваат ново туристичко-рекреативно место Покрсти, во Драчево (Марков Рид). Тоа ќе биде нова туристичка атракција за љубителите на планината и чистиот воздух, која ќе привлекува голем број посетители од Скопје и од другите градови во Македонија.
– Сместено во чиста и зелена средина, со чист воздух и поглед над цело Драчево и околината, ова место ќе има асфалтирана патека, која наскоро ќе почнеме да ја градиме согласно со временските услови. Ќе го красат и урбана опрема, плоштад, жардиниери, патокази, како и велопатека. Тука посетителите ќе можат да уживаат во природата – велат од Општина Кисела Вода.