На користење се дадени 29 станови со површина од 39 до 45 квадратни метри. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски изјави дека и во иднина во сите делови на државата ќе се градат вакви објекти, а со цел да им се помогне на што поголем број семејства. Тој додаде дека ќе се градат и комерцијални згради преку кои ќе се интервенира и во цената на станбениот квадрат
Денеска беа доделени клучевите од новата станбена зграда во Велес што ја градеше АД за стопанисување со станбен и деловен простор, овозможувајќи достоинствен дом за 29 семејства.
– Нема поголемо задоволство од тоа да се види среќата во очите на луѓето, како што денеска ја видов кај новите станари. Овие станови се изградени со посветеност и одговорност, а целта е јасна, што повеќе вакви згради, што повеќе насмеани лица и што посилна поддршка за оние на кои им е најпотребна – рече премиерот Христијан Мицкоски.
Тој најави дека наскоро ќе биде пуштен во употреба и целосно обновениот спортски терен, создавајќи простор каде што граѓаните, особено младите, ќе можат активно да се рекреираат, спортуваат и поминуваат квалитетно време.
На користење се дадени 29 станови со површина од 39 до 45 квадратни метри.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, изјави дека и во иднина во сите делови на државата ќе се градат вакви објекти, а со цел да им се помогне на што поголем број семејства.
– Во следниот период ќе продолжиме да изградба на слични вакви објекти и во останатите делови од државата за да помогнеме на што повеќе семејства колку што можеме – рече Николоски.
Тој додаде дека ќе се градат и комерцијални згради преку кои ќе се интервенира и во цената на станбениот квадрат.
– Преку изградба на комерцијални згради ќе се обидеме да интервенираме во цената на квадратот што, за жал, во одредени градови достигнува басноснословни суми и дефинитивно мора да идат надолу, така што во идниот период ќе не има со вакви или слични проекти што ќе доаѓаат – додаде Николоски.