Огласот за доделување на становите е во тек и досега за становите се пријавиле неколку социјално загрозени категории граѓани, а се очекува до 21 октомври, до кога завршува огласот, да се јават што поголем број граѓани кои ги исполнуваат условите. – Се надевам дека 29 семејства тука ќе се ја најдат среќата. Во една транспарентна процедура, да ги доделиме становите и за неколку месеци да ги видиме семејствата, кои среќни ќе живеат тука – најави Николоски. Тој најави максимално транспарентен процес на распределба на становите и во таа насока рече дека лично ќе го набљудува процесот на распределба. – Нема да дозволам никаков скандал, затоа што тука треба да дојдат луѓе на кои навистина им е потребно ова, потенцира Николоски

Со странска помош, во Велес е изградена зграда со 29 стана, во која треба да се сместат социјално загрозени семејства. Огласот за доделување на становите е во тек и досега за становите се пријавиле неколку социјално загрозени категории граѓани, а се очекува до 21 октомври, до кога завршува огласот, да се јават што поголем број граѓани кои ги исполнуваат условите.

Марјан Стефановски, генерален директор на АД за изградба на станбен и деловен простор, истакна дека во новоизградената социјална зграда становите се со површина од 40 до 50 квадратни метри и се опремени со сите неопходни средства за вселување на семејствата.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, информира дека оваа зграда е во вредност од 54 милиони денари.

– Се надевам дека 29 семејства тука ќе се ја најдат среќата. Во една транспарентна процедура, да ги доделиме становите и за неколку месеци да ги видиме семејствата, кои среќни ќе живеат тука – најави Николоски.

На новинарско прашање дали се планираат и други вакви социјални згради низ земјава и дали планираат да го сменат системот за распределба, тој информира дека во моментов има оглас за уште една ваква социјална зграда во Кочани.

– Се работи на големо и во Бутел, а, секако, ќе дојдат и други општини. Во однос на распределбата, тоа беше една од дискусиите што ги имав јас со мојот кабинет и со луѓето што се задолжени за оваа работа. Мора процесот да е максимално транспарентен и јас лично ќе го набљудувам процесот на распределба. Нема да дозволам никаков скандал, затоа што тука треба да дојдат луѓе на кои навистина им е потребно ова – потенцира Николоски.

Градоначалникот Марко Колев ги повика граѓаните што ги исполнуваат условите, да се јават на огласот за да може да им бидат доделени на транспарентен начин на тие на кои им се најнеопходни социјалните станови.

Колев информира дека за ставање во функција на оваа зграда, Општина Велес во изминатите неколку месеци вложила сериозни финансиски средства за  снабдување на објектот со вода, преку ставање нова водоводна линија низ улицата „Луј Пастер“, која води покрај пругата.