Поканет е во својство на премиер: Мицкоски ќе има обраќање на годишната Конференција за конзервативна политичка акција во Вашингтон

126

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) 2025 година во Вашингтон, што ќе се одржи од 19 до 22 февруари, потврдија од Владата.

– Тој е поканет во својство на премиер. Очекуваме да оствари дополнителни билатерални средби во рамки на неговото присуство во Вашингтон, па очекувам јавноста да биде информирана во наредните денови преку вас, медиумите – изјави портпаролката Марија Митева.

Мицкоски на својот профил на Фејсбук ја објави видео-најавата за настанот.

 

Меѓу говорниците ќе бидат Ричард Гренел, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за специјални мисии и словачкиот премиер Роберт Фицо.

Цените на билетите за оваа годишна конференција на конзервативците во САД варираат, односно обичен билет чини 95 долари, додека најскапиот, таканаречен платинест, чини 15.000 долари.

ИЗДВОЕНИ