Погребот на 59 починати во пожарот ќе се одржи во четврток

895

Погребната служба на 59 починати во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани ќе се одржи во чевтрток на градските гробишта.

Погребната церемонија ќе ја води поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан придружуван од неколку владици од Синодот.

„Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин“, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вчера од пред Брегалничката епархија во Соборниот храм во Штип.

Во меѓувреме трае идентификацијата на починатите во Институтот за судска медицина, по што телата ќе им бидат предадени на семејствата. Грдаските гробишта деновиве се прошируваа на посебно место каде што ќе бидат погребани жртвите во катасрофалната несреќа.

ИЗДВОЕНИ