Неполни две недели откако македонското знаме беше палено во центарот на Скопје (поточно на Денот на прославата на албанското знаме), истото тоа знаме гордо беше развиорено на американскиот континент, поточно на Хаваи – островска држава во Тихиот Океан.

Поминав над 13.118 км и го прелетав најголемиот и најдлабок океан (Тихи Океан), за да стигнам тука, во колевката на првиот Ајронмен, да трчам меѓу елитни тркачи од целиот свет. Но, зошто го правам ова? Не ми е важно времето. Трчам за душата, за спомените, за радоста што ја носи животот, беа првите зборови на Горан откако го истрча маратонот на Хаваите

 

Македонското знаме гордо го развиори Горан Билбилоски, кој направи голем спортски подвиг. Тој е првиот Македонец кој го истрча атлетскиот маратон од 42 километри што се одржува на оваа островска држава. За остварување на ваквиот голем подвиг, тој во еден ден мораше да мине низ три годишни времиња, есен во Скопје, зима во Цирих, за на крајот да пристигне на лето на Хаваи. Но, сето ова немаше да успее да го реализира без поддршката од семејството и пријателите кои живат таму.

– Погордо го немам веено знамево наше. Како започна сето ова? Пријателки од детството, Кирка и Ное , рекоа: „Ајде, бате, дојди!“ Тоа беше доволно за уште во јануари да ја уплатам котизацијата. Една на вујче која организираше авионска карта, тргнав на пат што ме водеше низ три годишни времиња во еден ден: есен во Скопје, зима во Цирих, лето на Хаваи.

Поминав над 13.118 км и го прелетав најголемиот и најдлабок океан (Тихи Океан), за да стигнам тука, во колевката на првиот Ајронмен, да трчам меѓу елитни тркачи од целиот свет. Но, зошто го правам ова? Не ми е важно времето. Трчам за душата, за спомените, за радоста што ја носи животот.

Сега, подвигот е завршен маратон од 42 километри. Но, кога имаш сон, нема препрека, океан или километар што ќе те запре. Алоха од Хаваи, дечки рајот на земјата бар од тие 100+ земји што сум ги видел, напиша Горан на својот профил на социјалната мрежа.

Воедно ова не е прв маратон што го има истрчано. Тој има трчано и на  други маратони како во Луксембург, Цирих, а исто така многу често е учесник и на  триатлонските трки. (С.Т.)