Погледнете ја симулацијата на студен фронт кој доаѓа од север, носи температури 15 степени под просекот

3616

Најновите модели на временската прогноза сугерираат можност за посериозен продор на студен зимски воздух. Така, веќе на почетокот на април се очекува ненадејно зајакнување на антициклонот над северна Европа, што ќе ја создаде таканаречената блок ситуација што е карактеристична за зима, а не во април.

Речиси станува правило ваквите класични зимски синоптички ситуации да отсуствуваат во јануари и февруари, а да почнат да шират во април, вториот месец на климатолошката пролет кога веќе никому не му се потребни, пренесува Истрамет.

Фото: UKMO/Meteociel

Со ваквиот развој на синоптичката ситуација, на работ на антициклонот широко се отвора вратата за студени продори од североисточна Европа, кои директно можат да ги зафатат нашите региони.

Снежна бајка среде април на Копаоник/ФОТО

На почетокот на април, резервите на студен воздух во североисточна Европа се сè уште значителни, што го отежнува избегнувањето на силни студени бранови.

Во вакво сценарио, температурите на воздухот може да се спуштат и до 15 °C под просекот за период од годината, а оваа состојба може да трае неколку дена.

Единствена надеж за поповолен исход од прогнозата останува можноста антициклонот нагло да се прошири над нашето подрачје. Во тој случај, најголемиот дел од студениот фронт би ги погодил централниот и источниот Балкан и Турција, а во другите делови би дошло само умерено заладување.

ИЗДВОЕНИ