Погледнете ја „борбата“ на студениот и топол воздух и продорот на поларен бран во регионот/ВИДЕО

144
Фото: pexels

Европа е на удар на невреме, а силната промена на времето нема да ја заобиколи ниту Македонија и регионот. Силен циклон од Северното Море се движи над северна Германија, Данска и северна Полска понатаму на североисток.

Овој моќен циклон донесе силен дожд и силни ветрови во северните, централните и западните предели, а за прв пат оваа есен многу ниски региони побелеа.

Првиот снег падна и во Германија и во Англија.

Во задниот дел, овој циклон условува пенетрација на поларен воздух од северот на Европа над Британските острови и понатаму на југ преку Алпите и делови од централна Европа. Во исто време, пенетрацијата на поларниот воздух од северозапад турка многу топла маса понатаму кон источна Европа и кон Русија, а граничниот дел од овие воздушни маси е одделен со многу изразен студен фронт.

До сабота цела Европа, како и цел Балкан ќе биде зафатен од овој многу студен воздух и ќе донесе на повеќе места температури до, па  и под -10 степени, додека во Алпскиот регион тој ќе донесе температури и до близу, па и под -20 степени, особено на високите Алпи, пишува Метеоаларм.

Под влијание на изразена циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, од денеска (среда 20.11.2024), до (сабота 23.11.2024) во Македонија под влијание на серија на изразени влажни воздушни бранови ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни и поројни, локално и проследени со појава на грмежи.

Повремено на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, со што до сабота на овие места ќе се формира  и снежна покривка. Во четврток, а особено ноќта петок кон сабота, и во сабота наутро и претпладне поради продор на значително постудена воздушна маса од север, врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег  и во повисоките места. Има услови снежната граница локално, и тоа особено во западните и во северните предели да се спушти од околу, па  и под 1000 метри надморска височина, со што услови за повремен снег ќе има и во повисоките населени места (градови).

Сето ова ќе биде проследено и со засилен до силен ветер од јужен, југозападен и од западен правец, а во сабота ветерот ќе го промени својот правец во северен. Повремено и локално ветерот ќе достигнува брзина од над 80/90 км/час, а на планинските места дури и над 100 км/час, пишува Метеоаларм.