Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар стана светски шампион по победата на друмската трка на Светското првенство во Цирих. Трикратниот шампион на Тур де Франс ја заврши 50-километрската трка со време од шест часа, 27,5 минути, односно за 34 пред второпласираниот Австралиец Бен О‘Конор. Трет беше бранителот на титулата, Холаншанецот Матје ван дер Пул, со заостанување од 58 секунди.
На тој начин, Погачар ја освои „тројната круна“, бидејќи во иста година триумфираше на Светското првенство, Тур де Франс и на Џиро д’Италија. Исто така, оваа година беше најбрз на престижните трки Лиеж-Бастоњ-Лиеж, Волта Каталуња и Страда Бјанка.