EPA-EFE/MICHAEL BUHOLZER

Трикратниот победник на француската велосипедска трка „Тур де Франс“, Словенецот Тадеј Погачар, го продолжи договорот со тимот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) до 2030 година, со кој веќе имаше договор до 2027 година, соопшти неговиот тим.

Погачар (26) годинава оствари 25 победи, рекорд што го постигна само Италијанецот Алесандро Петаки во 2005 година.

  • Многу сум горд што го продолжив договорот со ОАЕ. Овој тим ми дава најголема шанса да се борам за победи и токму тоа сакам да го направам, изјави Погачар.

Пристигнувајќи во тимот на ОАЕ Емирати, во 2019 година, Погачар имаше 88 победи и треба да биде главен фаворит за „Тур де Франс“ за 2025 година по одличната сезона оваа година.